Оле Гунар Солскјер имаше одличен почеток во Јунајтед, победи на 14 од 19 натпревари и доби договор на три години.

Сега не оди според планот и желбите на клубот од Манчестер кој не е задоволен од резултатите на Норвежанецот.

Јунајтед по шест одиграни средби има по две победи, порази и нерешени натпревари изаостанува зад лидерот Ливерпул 8 бода.

Раководството на клубот од Манчестер бара замена за Солскјер, ја гледа во Маурисио Покетино, актуелниот менаџер на Тотенхем не е задоволен во овој клуб.

Проблем за Јунајтед е што Покетино има договор на пет години со Тотенхем, нема откупна клаузула, но ќе мора на клубот од Лондон „црвените ѓаволи“ да му се исплатат 35 милиони евра колку што изнесува  вкупната плата на Аргентинецот.