Очајните резултати на Јунајтед во Премиерлигата каде во моментов е на 12. место и неизвесната судбина на Оле Гунар Солскјер не го попречуваат клубот од Манчестер да преговара за нови засилувања, целтта е излез од кризата.

Јунајтед подготовил богатство за потпис на Деклан Рајс од Вест Хем и Калиду Кулибали од Наполи и тоа во зимскиот преоден рок.

За овие двајца играчи Јунајтед се интересираше и преговараше уште во летниот преоден рок но до потпис не успеа да стигне, обештетувањето беше преголемо.

Сега, кога Јунајтед има најлош старт во историјата на клубот во Премиерлигата е подготвен за овие двајца да издвои 200 милиони фунти, пишуваат медиумите од Англија.

Прашање е дали ќе успее во тоа, но клубот од Манчестер е во незавидна ситуација, нема многу опции па ќе мора да го направи тоа што не сакаше во летниот преоден рок, да го одврзе кесето.