Напаѓачот на Тотенхем и репрезентативец на Англија, Хари Кејн е еден од најбараните играчи во Премиер лигата, класичен играч од нападот.

Кејн сака трофеи, но со Тотенхем не освојува ништо, тој е пред заминување, а за него е многу заинтересиран Манчестер Јунајтед на кого му треба класична „деветка“.

Јунајтед нема да жали средства, подготвува цело богатство за Кејн но и за Тотенхем, клубот од Лондон може да смета на понуда од 90 милиони фунти, тврдат медиумите од Англија.

Проблем за Јунатед е цената која од претходно ја одреди Тотенхем за Кејн, таа астрономска и изнесува над 150 милиони фунти, секако е дека предмет на преговори, но и кризата поради пандемијата го прави своето, можно е Тотнем да се предомисли и да ја намали цифрата на две бројки во милиони.