Манчестер Јунајтед би можел да направи голем потег во зимскиот преоден рок и да го донесе играчот за врска од Вест Хем, Деклан Рајс за 80 милиони евра, пишуваат англиските медиуми.

Рајс се истакна како еден од подобрите англиски играчи и во клубот и за репрезентацијата, па оттука не се ни чудни ваквите натписи.

Мирор пишува дека неговата вредност на пазарот расте, а Јунајтед се подготвува за обид овој играч да го донесе на Олд Трафорд.

Рајс пат минатата година потпиша пет годишен договор со Вест Хем, па Јунајтед очигледно ќе треба добро да се потруди ако го сака во својот тим.

„Знам дека има шпекулации, но додека траеше сезоната потпишав петгодишен договор со Вест Хем, па сега мојот фокус целосно е насочен кон играњето за Вест Хем. Имам одличен однос со навивачите кои ме сакаат, а и јас ги сакам нив. Тоа е така во овој момент и јас не размисулвам на никаков трансфер.“ – истакна Рајс уште пред почетокот на летниот преоден рок во врска со низата шпекулации.

По сите натписи во медиумите се чини дека јануари за Манчестер ќе биде месец полн со обврски ако се земе во предвид дека клубот го сака и Марио Манџукиќ.