Тимот од „Олд Трафорд“ сака во своите редови да го задржи Уругваецот Едисон Кавани и по истекот на договорот кој завршува на крајот од оваа сезона.

Манчестер Јунајтед, според пишувањата на „Сан“ на фудбалерот му нуди нов договор со неделна плата од 250.000 фунти.

Кавани се приклучи на Јунајтед во октомври 2020 година како слободен играч.

Напаѓачот, оваа сезона има одиграно 34 натпревари за тимот, постигнато 14 голови и остварени пет асистенции.