Раководството на Интер интензивно преговара со Јунајтед кој е во временски теснец, наскоро се затвара трансфер берзата, но Англичаните се држеле до цената и на крајот изгледа ќе ја добијат.

Интер според Џанлука Ди Марсио кој е еден од добро информираните во Италија, Интер понудил 70 милиони евра плус бонуси кои ќе достигнат 85 милиони, цена од која не отстапува Манчестер Јунајтед.

Според последните информации од Англија, Манчестерд Јунајте ја прифатил последната понуда од Интер и Лукаку овој викенд ќе биде претставен како нов играч на Интер.