Џејдон Санчо не е повеќе главна трансфер цел на Манчестер Јунајтед откако младиот репрезентативец на Англија беше казнет поради непримерно однесување и игнорирање на мерките за заштита од Ковид -19 од неговиот матичен клуб Борусија Дортмунд.

Ова била само една од причните Солскјер да се повлече од трката за Санчо кој е супер талент, но и има серизони проблеми со однесувањето надвор од теренот, односно негата упорност често да ги прекршува клупските но и општествените правила.

Сега во прва план за Јунајтед се враќа Џек Грилиш од Астон Вила кој исто така имаше инцидент за време на карантинот во Англија.

Според „Мирор“, Солскјер верува дека ќе го добие Грилиш за 80 милиони евра, а со тоа 24 годишниот офанзивен плејмејкер ќе донесе дополнителна конкуренција во средниот ред на Јунајтед.