Манчестер Јунајтед го дочекува градскиот ривал Сити во дербито на денот во Англија.

Солскјер за денешната пресметка најверојатно ќе може да смета на Мегваер кој беше неизвесен за настап.

Добри вести доби и Гвардиола кој на располагање ќе го има Де Бруин.

„Црвените Ѓаволи“ немаат пораз на последните девет натпревари на „Олд Трафрод“ но последен пат славеа над „Граѓаните“ на домашен терен во 2016 година во 1/8 финалето од Карабао Купот.

Дербито на 29 коло од Премиер лигата е закажано со почеток од 17:30 часот.

Сити е фаворит а влегува во пресметката од второто место на табелата, Јунајтед е петопласиран со 15 бода помалку од „Граѓаните“.