Манчестер Јунајтед не се откажува од Џејдон Санчо, но нивата последна понуда за овој преоден рок изнесува 90 милиони фунти, пишува Мирор.

Според Мирор, Јунајтед ја информирал Борусија Дортмунд дека е ова „земи или остави“ понуда, 75 милиони фунти веднаш, уште 15 во бонуси за вкупни 90 милиони.

На потег е Борусија Дортмунд, преодниот рок завршува на почетокот од октомври.