Манчестер Јунајтед денеска соопшти дека остварил рекорден приход од 627 милиони фунти за минатата година.

Доброто финансиско работење на клубот е спротивно од резултатите кои ги остварува клубот во Премиер лигата и веќе почна да се најавува заминување на Солскјер.

Спротивно од ова, извршниот дирекот на „Ѓаволите“, Ед Вудворд тврди дека Солскјер треба да добие време, навивачите да бидат трпеливи и дека сега се поставуваат темелите на екипата која во иднина ќе освојува трофеји.

„Убедени сме дека досегашните вложувања ќе донесат резултат но мора да бидеме трпеливи со Оле и со неговиот тим. Ако самаке да изградиме тим кој во иднина ќе освојува титули. Ќе продолжиме по нашиот долгорошен план безразлика што ќе се случува на краткорочен рок.“ – изјави Вудворд.