Управата на Манчестер Јунајтед е уверена дека Давид Де Геа ќе стави потпис на нов петгодишен договор веднаш по враќањето во Англија од летната турнеја во Австралија и во Азија.

Де Геа е во преговори со Јунајтед шест месеци а според островските медиуми тој ќе добиде 20 милиони по сезона со што ќе стане и најскапо платен играч на Јунајтед а воедно и голман со најголема плата во светот

За разлика од ситуацијата со репрезентативецот на Шпанија, сеуште е неизвесно дали во новата сезона дресот на „ѓаволите“ ќе го носат Погба и Лукаку.