Тренерот на Верона, Иван Јуриќ успеа да освои бод со неговиот тим во дуелот со Јувентус и заслужено доби поголемо внимание од вообичаеното во Италија.

„Екипата ни е составена од млади играчи но без разлика на тоа што игравме против најдобриот клуб во земјава, тие покажаа неверојатен дух, играа како да се во транс и за тоа бескрајно им се заблагодарувам. “ – изјави Јуриќ.

На новинарско прашање, зошто Хрватот реагираше остро кон играчите на Јувентус, следуваше неочекуван одоговор.

„Фудбалерите на Јувентус ме навредуваа затоа што сум Балканец, се шегуваа со моето потекло и на тоа морав да одговорам.“ – објасни Јуриќ.