Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари има вишок на играчи и ќе се ослободи од седум актуелни во ростерот на тимот.

Јувентус е пред потпис со Матијс де Лихт, ростерот ќе се зголеми на 27 играчи, според информациите од Италија на Сари му е сугерирано да го намали ростерот.

Прв на листата за заминување е Жоао Кансело, тој преговара со Сити , Јувентус очекува 60 милиони од овој трансфер.

Следни на листата за напуштање на Торино се Кедира, Пјаца кој се врати од позајмицата од Фиорентина  и би можел да заврши во Верона, Игуаин и Манџукиќ се исто така играчи од кои сака да се ослободи Јувентус па се подготвува вистински егзодус за кратко  време.