Алваро Мората поради црвениот картон добиен на мечот со Беневенто во калчо лигата ќе добие суспензија од две средби, објавија медиумите во Италија.

Шпанецот беше исклучен во 97 минута на средбата со Беневенто на која се запиша во листата на стрелците.

Јувентус освои бод на оваа средба иако сметаше на три, Мората беше исклучен и ќе заработи два меча суспензија, ги прескокнува дуелите со Џенова и градското дерби со Торино.