Управата на Сасуоло со нетрпение ја очекува разврската околу најавената продажба на Локатели ова лето.

Според последните најави од Италија, Јувентус е прв избор на Локатели но „Старата Дама“ засега не е конкретна по однос на понудата за трансфер. Тимот од Торино сака едногодишна позајмица на Локатели со можност со клаузула за откуп следното лето.

Арсенал веќе понуди 45 милиони евра за Локатели, но играчот е во дилема дали да прифати преселба во Лондон.

„Дејли Меил“ пренесува дека во целата мешаница се вклучил и Ливерпул кој во Локатели гледа замена за Вајналдум.

„Црвените“ за играчот за врска се подготвени да потрошат околу 40 милони евра.