Интересна информација пласира Daily Mail, според која Јувентус и Барселона договорија трампа на фудбалери.

Според овој извор договорено е во Торино да дојде играчот за врска на Барселона, Иван Ракитиќ, додека во обратната насока ќе отпатува напаѓачот на Јувентус, Даглас Коста.

Во тековната сезона Ракитиќ одигра 31 средба за Барселона и има 4 асистенции. Даглас Коста, пак, одигра 18 средби за Јувентус и постигна 2 гола, но имаше и 5 асистенции.