Управата на првакот на Италија одлучи да ја донира храната која била подготвена за продажба за дуелот со Милан од полуфиналето од националниот Куп.

Откако натпреварот беше и официјално одложен, храната која има активен рок, односно е здрава за јадење била поделена во прифатните центри за бездомници како и во центрите кои помагаат за справување со кризата со Корона вирусот..

Италијанските медиуми потврдија дека станува збор за три тони храна.