Шампионот на Италија, Јувентус е подготвен да го продаде Миралем Пјаниќ, пишуваат медиумите од „чизмата“.

Пјаниќ има договор со Јувентус до 2023 година, неговата форма варира, не е постојана, клубот сака да се „ослободи“ од Босанецот.

ПСЖ е заинтересиран за Пјаниќ кој има 30 години, Јувентус сака да го продаде за дојде средства за откуп на Пол Погба пишува „Gazzetta dello Sport“.

Засега нема детали дали Пјаниќ сака да го напушти Јувентус, првенството во Италија е во прекин поради ситуацијата со Ковид-19.