Кристијано Роналдо е познат како голем професионалец и вљубеник во фудбалот, но португалскиот ас не ја отфрла можноста за година или две да замине во пензија по завршување на договорот со Јувентус.вели дека се уште е заљубен во фудбалот, но не ја отфрла можноста да се повлече за година – две, кога ќе му заврше договорот со Јувентус.

Тој и Меси во последната деценија ги поместија границите во светот на фудбалот на максимум, а овие двајца сеуште играат на врвно ниво.

„Се уште сум заљубен во фудбалот. Обожавам да ги забавувам фановите и луѓето кои го сакаат Кристијано. Годините се само бројка, најважен е менталитетот. Но во последниве пет години почнав да се гледам надвор од фудбалот, ми се допаѓа замислата, и кој знае што може да се случи за година – две“ – вели Кристијано Роналдо.

Роналдо во годините наназад стана заштитно лице на „Најк“ и е третиот спортист по Мајкл Џордан и Леброн Џејмс кој има доживотен договор вреден една милјарда долари со познатата американска копанија за спортска опрема.