Јувентус е сега главен фаворит за купувањето на Пол Погба ова лето пренесува „Тутоспорт“. Реал Мадрид нема да учествува во наддавањето поради висината на платата која ја барал играчот на Манчестер Јунајтед.

Единствена конкуренција на Јувентус за потписот на Погба останува ПСЖ и секако можноста Солскјер да го убеди плејмејкерот да остане на „Олд Трафорд“.

Погба има договор со Јунајтед до јуни 2021 година, Јувентус е подготвен да понуду неколку играчи во обид со размена и доплата да го добие Погба.

Јунајтед за Погба бара од 100 до 150 милиони евра, но ова може да се промени поради коронакризата.