Бордот на директори го разгледа и потврид финансискиот извештај за првата половина од сезоната 2020/2021 заклучно со 31 декември 2020 година, според кој регестрирана е загуба од 113.7 милиони евра.

Според деталите од извештајот, најголема загуба од околу 50 милиони евра има од (не) продажбата на билети за натпреварите на домашен терен, намалениот приход од тв и радио правата.

Од Јувентус посочија дека единствената добра финансиска придобивка е зголемиот пакет на медиумски зделки кои веруваат дека ќе продолжи да расте.

Се очекува во летниот преоден рок „Старата Дама“ да се ослободи од неколку фудбалери, со цел да намали на годишниот буџет за плати а воедно да обезбеди и нови средства за ангажман на засилувања на тимот на Пирло.