Дефанзивецот на Барселона, Нелсон Семеду, можеби ќе го напушти клубот.

Според Don Balon, за Семеду е заинтересиран Јувентус, а лидерот на екипата, Кристијано Роналдо, наводно го одобри трансферот.

Од порано се знае дека директорот на Барселона, Ерик Абидал, бара варијанти за преселбата на Семеду, кого Барселона летоска можеше да го продаде за 40 милиони евра, ама не го стори тоа.

Оваа сезона Семеду настапи на 23 средби на Барселона во сите натпреварувања и забележа само 4 асистенции. Неговиот договор е валиден до лето 2022 година, а Transfermarkt го проценува на 40 милиони евра.