Управата на Јувентус се обидува да го задржи Матјс Де Лихт во своите редови и покрај тоа што за репрезентативецот на Холандија веќе стигнале и првите официјални понуди за трансфер.

Како што пренесува „Тутоспорт“, „Старата Дама“ пред десетина дена ги одбила првите понуди од Челси и од Барселона кои сакаат да го имаат Де Лихт во своите тимови.

Де Лихт оваа сезона се мачеше со повредата на рамото, а паузираше и поради Ковид-19. Тој во Торино пристигна од Ајакс во 2019 година за 85,5 милиони евра и со Јувентус има договор до јуни 2024 година.