Јувентус ги почна преговорите за трансферот на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, кој како позајмен фудбалер настапува во ПСЖ.

Според информацијата на Gazzetta dello Sport, спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, ги почна разговорите со супругата и агент на Икарди, Ванда Нара.

Според овој извор, Икарди повеќе не сака да игра за ПСЖ и претпочита кариерата да ја продолжи во Италија. Претходно веќе беше најавено дека Интер е подготвен да го продаде Икарди за сума од 65 милиони евра.

Освен Јувентус, за Мауро Икарди е заинтересиран и Челзи.