Јувентус има трансфер приоритети во јануари, и тоа две во имињата на Душан Влаховиќ и Аксел Витсел, додека Дејан Кулушевски е можно да оди на позајмица.

Газета Дело Спорт тврди дека „старата дама“ во топ приоритети ги ставила Влаховиќ и Витсел, потребно е освежување во нападот и средниот ред, ги гледа во младиот Србин и искусниот Белгиец кој во моментов е играч на Борусија Дортмунд.

Проблем за Јувентус е Влаховиќ, тој е играч за кого се заинтересирани повеќе клубови од Италија, но и од Англија.