Аргентинскиот репрезентативец, Пауло Дибала ќе го напушти Јувентус на крајот од оваа сезона. Ова е одлуката на челниците на првакот на Италија откако од агентот на напаѓачот била побарана гаранција дека Пирло ќе добие отказ.

Од Јувентус решиле да му дадат поддршка на Пирло и поради ова Дибала има дозвола да си бара нов клуб.

Неговите агенти веднаш го понудиле на моќните клубови од Англија. Минатото лето Јунајтед и Ливерпул беа сериозно заинтересирани за Дибала.

Покрај премиерлигашите, интерес има и од ПСЖ, Реал Мадрид и Баерн Минхен.