Италијански Јувентус не завршил со засилување на тимот за новата сезона. Шампионот од Торино сака да го донесе во своите редови Иван Ракитиќ од Барселона.

Понудата е конкретна, Емре Чан за Иван Ракитиќ, директна трампа без доплата. Чан не се снајде најдобро во Италија а Сари не го планира за почениот состав.

Хрватот има првотимски статус во Барселона но може леснода се случи да ја прифати понудата од Италија поради желбата да се проба во Серија А.

Емре Чан пак не може да го убеди Сари дека има квалитет за да добие предност во однос на Рабио, Пјаниќ и Ремзи и поради ова размислува за промена на средината.

Ова го пренесува Тутоспорт со најава дека наскоро ќе имаат повеќе детали околу оваа можна трапма меѓу шампионите на Италија и на Шпанија.