Интер го пречекува Јувентус во недела во мечот кој го носи епитетот „Дерби Д’Италија“, нова пресметка на големите ривали во Серија А.

Како што пишува Газета Дело Спорт, Интер го распродаде целиот расположлив капацитет на „Џузепе Меаца“, Јувентус го очекува пекол во Милано.

Ова е првиот од четирите тешки меча за Интер кој покрај дуелот со Јувентус, се среќава и со Милан и Наполи, а ќе игра и Удинезе.

Во недела се игра 256 дуел вкупно во сите конкуренции меѓу Интер и Јувентус, клубот од Торино има 114 победи, клубот од Милано 78.

Можни состави:

На табелата во калчото сезонава, Интер е трет со 17 бода, има седум помалку од Наполи, додека Јувентус со 14 бода е на седмата позиција.