Јувентус официјално соопшти попладнево дека го отпуштил Маурицио Сари од тренерското место, само еден ден по елиминацијата на италијанскиот првак од Лион во Лигата на шампиони.

Неговиот наследник се уште не е назначен,

Италијанските медиуми веднаш по  елиминацијата на Јувентус беа едногласни дека Маурицио Сари ќе добие отказ, разлики меѓу имаше само околу тоа кој ќе биде наследникот, а во опција кружат три имиња – Зинедин Зидан, Маурицио Пекетино и Симоне Инзаги.

61 –годишниот Сари седна на клупата на Јувентус минатото лето, Сезонава му ја донесе шампионската титула, деветта по ред во Италија, но ги загуби двете финални пресметки во националниот куп и Супер купот.

Чашата ја прели синоќешната елиминација од Лион во шеснаесетфиналето во Лигата на шамппиони. Јувентус на домашен терен не успеа да ја надомести негативата од 1-0 од натпревар во Лион откако дојде само до пирова победа од 2-1, што значеше негова елиминација поради гостинскиот гол на француската екипа.

Во првата реакција по елиминацијата, претседателот на Јувентус Андреа Ањели рече дека ќе почека „неколку денови да ја разгледа“ новонастаната ситуација и целата сезона во целина, но очигледно одлуката беше повеќе од очекувана.

Италијанските медиуми околу наследникот на Сари  шпекулираат со имињата на Зидан, Покетино и Инзаги како најсериозни кандидати за нов тренер на Јувентус.

Зидан кој синоќа ја доживеа истата судбина како Сари по елиминацијата на неговиот Реал Мадрид од Манчестер Сити, на прес конференцијата по мечот остави многу прашања отворени околу неговата иднина.

„Јас сум тука, Јас сум тренер на Реал Мадрид, освен доколку нешто не се случи“, кратко изјави Зидан.

Медиумите додаваат дека малку е веројатно дека Инзаги ќе ја остави незавршена неговата успешна одисеја во Лацио, со што според дел од нив, изборот се сведува на Аргентинецот Покетино, кој по заминувањето од Тотенхем е без работа.

Според некои, извори, доколку преговорите за нов тренер на Јувентус се одолговлечат , привремено на тренерското столче ќе седне Андреа Пирло.