Колумбиецот Хуан Гвадрадо го продолжи договорот со Јувентус до 2022 година.

Според договорот, Гвадрадо може да ја продолжи соработката со Јувентус до 2023 година доколку двете страни сакаат да соработуваат.

Гвадрадо има 31 година, во Јувентус е од 2017 година, дојде од Челзи како позајмен играч и потоа потпиша догвор со „старата дама“.

Во кариерата настапувал уште и за екипите на Фиорентина, Лече Удинезе и Индепендиенте од Меделин.