Јувентус сака да го продолжи договорот со својот напаѓач Паоло Дибала.

Како што пишува Calciomercato.com, Јувентус му нуди договор до 2025 година и плата од 10 милиони евра годишно, додека Дибала настојува на плата од 12 милиони.

Неговиот постоечки договор со Јувентус истекува во 2022 година.

Се чини дека решавачка за идниот договор ќе биде играта на Дибала во следните неколку натпревари во Лигата на шампионите и во Серија „А“.

Оваа сезона Дибала настапи на 23 средби во Серија „А“ и постигна 6 гола, но имаше и 8 асистенции.