Бразилскиот репрезентативец Данило денеска пристигна во Торино, Италија за да го комплетира трансферот во Јувентус откако Португалецот Кансело беше испратен за Манчестер.

Данило со „Старата Дама“ ќе потпише петгодишен договор со плата од 4 милиони евра по сезона. Медицинските прегледи се закажани за утре попладне по што размената ќе биде официјализирана.

Манчесте Сити на Јувентус ќе му плати 28 милиони евра плус Данило за во екипата на Сити да се приклучи Кансело.

Ова треба да биде последно засилување за Манчестер Сити во летниот преоден рок додека Јувентус се очекувада донесе и нов напаѓач, во игра се Лукаку од Манчестер Јунајтед и Икарди од Интер.