Јувентус на лето планира да го доведе голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, а во спротивен правец би го испратил Федерико Бернардески.

Двата клуба во јануари беа спремни да направат замена меѓу  Бернардески и Лукас Пакета, но таа трампа не се случи.

„Старата дама“ јасно му даде до знаење на Италалјанецот дека неговото време во Торино помина, откако не успеа да се наметне кај Маурисио Сари, иако доби повеќе шанси за такво нешто.

За разлика од нив Милан од поодамна пројавуа инетерес за поранешниот фудбалер на Фиорентина, а ова е одлична можност да го доведат и да се ослободат од Донарума кој не сака да остане во Милано. Неговиот трансфер истекува во јуни 2021 година.

Покрај Јувентус интерес за репрезентативниот голман на Италија имаат и Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Реал Мадрид.