Напаѓачот на Јувентус, Гонсало Игуаин, можеби ова лето ќе го напушти клубот.

Според пишувањето на La Gazzetta dello Sport, Јувентус има намера да го продаде 32-годишниот Аргентинец, чија пазарна вредност е околу 19 милиони евра, а чиј договор важи до 2021 година.

Се зборуваше дека за Игуаин се интересира ПСЖ, а неговиот татко неодамна рече дека желба му е синот кариерата да ја заврши во аргентинското првенство, во дресот на Ривер Плата.