Според информацијата на Calciomercato, Јувентус има намера ова лето да купи дефанзивец од Челзи.

Се работи за Емерсон, кој според изворот е еден од основните летни приоритети на „Старата дама“ на трансфер пазарот.

Наводно, Јувентус има намера за Емерсон да понуди до 25 милиони евра.

Оваа сезона Емерсон настапи на 14 средби во Премиер лигата и засега е без голови и асистенции.