Управата на Јувентус, будно ја следи ситуацијата со Ериксен од екипата на Тотенхем.

Според островските медиуми, репрезентативецот на Данска не сака да остане во Лондон ова лето но засега нема конкретни понуди за трансфер. Неговиот договор со Тотенхем истекува следното лето.

Ова планира да го искористи Јувентус кој е подготвен да му даде голема плата на плејмејкерот за во јуни 2020 да го добие без трансфер оштета.

Ова Јувентус го направи со Арон Ремзи од Арсенал ова лето а предходно истото му „помина“ и во преговорите со Емре Чан од Ливерпул.