Миралем Пјаниќ летово го напушта Јувентус, тоа е извесен епилог, прашањее каде напачот ќе заврши.

Јувентус има голема желба да направи размена со играчот на Барселона Артур Мело но тој повторно ја одби „старата дама“.

Бразилецот го комплицира договорот меѓу двата клуба и за Пјаниќ остануваат три опции.

Јувентус има понуда од Барселона но финансиски слаба ако не дојде до размена со Артур, за фудбалерот од БиХ се заинтересирани ПСЖ и Челзи.

Извесно  е дека Јувентус ќе го продаде Пјаниќ, неизвесно е каде тој ќе заврши летово и дали „старата дама“ ќе успее да го убеди Артур да дојде во Торино.