Претставниците на Јувентус, Милан и Интер изјавија дека трите великани на италијанскиот фудбал немаат намера да се откажат од настапите во Серија А, но медиумите од Италија го поставија прашањето, дали фудбалската федерација ќе се откаже од нив?

Јувентус, Интер и Милан се дел од клубовите кои ја формираа Суперлигата, на состанокот во организација на фудбалската федерација на Италија изјавија дека немаат намера да се откажат од настапите во Серија А.

„Ние имаме намера да настапуваме следната сезона со најдобрите играчи во Серија А, нашата цел е да настапуваме во домашното првенство и во Суперлигата“ – се вели во заедничката изјава на трите клуба од Италија.

Сепак, фудбалската федерација на Италија е под сериозен притисок од УЕФА, политичарите од оваа земја, фудбалските структури не ја поддржуваат Суперлигата, станува неизвесно како ќе заврши новата фудбалска криза во Европа.