Според италијанските медиуми, Манчестер јунајтед ја одби понудата на Јувентус за Пол Погба, во која беше вклучен Адриен Рабиот и плус 30.милиони евра.

„Бјанконерите“ на секој начин се обидуваат да го вратат Погба во Торино, а тоа најчесто го прават со понуда на фудбалери во обратен правец, откако пандемијата од Коронавируост ја „испразни“ касата и на клуб како што е Јувентус.

Рабиот одреден период е на излезните врати од Јуве, откако пристигна како слободен фудбалер од редовите на ПСЖ, но неговите настапи се далеку од она што очекуваа челниците на италјанскиот гигант.