Јувентус е комплетно посветен на преговорите со Јунајтед за враќање на Пол Погба, засега клубот од Манчестер не попушта и бара 150 милиони евра за Французинот, сума која клубот од Торино ја нема.

Доколку пропаднат преговорите со Јунајтед, раководството на Јувентус најде алтернатива, станува збор за Тиаго Алкантара, играчот за врска од Баерн Минхен.

Според „Tuttosport“ Јувентус нема да се откаже така лесно кога е Погба во прашање, но сака да има и опција „Б“ во летниот преоден рок, го гледа во името на Шпанецот Алкантара.

Пол Погба изрази желба да се врати во Јувентус, но големото обештетување кое го бара Јунајтед е пречка која засега го кочи трансферот.