По најавата дека Ривер Плата е подготвена да започне преговори со Гонзало Игуаин за трансфер ова лето, од Јувентус одлучија да ја одредат цената по која се подготвени да го продадат напаѓачот.

Според моменталната ситуација во Италија, Игуаин е достапен за 18 милиони евра, сума која може да си ја допуштат повеќе клубови од Европа.

Интерес неофицијални има од повеќе тимови меѓу кои се Атлетико Мадрид, Вулверхемптон, Њукасл и Ривер Плата. Оваа листа најверојатно ќе се зголеми.

Според последните изјави на напаѓачот кој во 2016 година беше купен од „Стадата Дама“ за 90 милиони евра, тој сеуште го нема кажано последниот збор во елитниот фудбал.