Марчело Липи е поранешен селектор на Италија, еден од ретките тренери кои седел на клупата и на Јувентус и на Интер.

Јувентус вчера го победи Интер со 2-0, Липи смета дека Јувентус во моментов е далеку подoбар од Интер.

„Интер одигра добро во првото полувреме, покажа карактер и желба за победа. Сепак морам да истакнам дека во моментов Интер е далеку послаб од Јувентус, тоа се покажа вчера и беше очигледно на теренот“ – изјави Липи за Radio Anch’io Sport

Марчело Липи беше тренер на Јувентус во периодот од  1994 до 1999 година и од 2001 до 2004. На клупата на Интер се задржа само една сезона и тоа во периодот од 1999/00.