Екипата на Јувентус сака следното лето во своите редови да го донесе Францускиот интернационалец и член на Барселона Осман Дембеле.

Според „Радио Каталуња“, „Старата дама“ му понудила на Дембеле петгодишен договор вреден 12 милиони евра по сезона!

На тој начин Дембеле би заработувал фантастични 60 милиони евра за пет години, а трансферот би се реализирал следното лето кога истекува неговиот договор со каталонскиот клуб.

Минатата натпреварувачка сезона одигра 44 натпревари за Барса и постигна 11 погодоци.