Јувентус е заинтересиран за купување на голманот на Милан Џанлуиџи Донарума.

„Старата дама“ е подготвена да му понуди на Донарума петгодишен договор и девет милиони евра годишно, со тенденција таа да расте со текот на годините. Во Милан Донарума има плата од само 6 милиони евра.

Јувентус веќе разговара со агентот на Донарума, познатиот Мино Раиола.

Договорот на Донарума со Милан е валиден до 30 јуни 2021 година.