Коронавирусот создаде хаос во калчо лигата, натпреварите во следниот период ќе се играат без публика, клубовите во Италија ќе загубат речиси 30 милиони евра.

Според  сајтот „ Calcio e Finanza“, затворените врати на стадионите по декретот на Владата на Италија најмногу ќе го почуствува Јувентус, тој ќе загуби околу 12 милиони евра.

Јувентус  дома ќе игра пред празни трибини против Интер и Лион, тоа значително ќе го намали приходот на клубот. Интер и Милан ќе загубат по речиси 3 милиони евра, Рома 2,5 милиони…

Во тотал, сите екипи во Италија ќе загубат вкупно 28 милиони евра.