Јувентус и Пол Погба се во постојан контакт, како што тврди Кориере Дело Спорт, Французинот сака да се врати во Торино, но ќе мора да прифати помала плата.

Доколку Погба се врати во Јувентус ќе мора да прифати помала плата за 3 милиони евра,  во Јунајтед заработува 12, во Јувентус таа ќе изнесува 9 милиони на годишно ниво.

Јувентус го предупредил Погба дека ќе мора да прифати помала плата, станува збор за светска криза од која ни „старата дама“ не е имун.

Погба инсистира да се врати во Јувентус иако има понуди од неколку великани на европскиот фудбал, Реал Мадрид и Интер се наводно најголемите конкуренти на шампионот на Италија за потписот на Французинот.