Јувентус утре го пречекува Интер, супер дербито на Италија се игра од 18 часот, меч за престиж за клубот од Милано кој ја потврди шампионската круна, но не и за „старата дама“.

Доколку Јувентус не го победи Интер ризикува да не обезбеди пласман на табелата што ќе значи настап во Лигата на шампионите.

Ако Јувентус не го победи Интер, а Аталанта и Милан освојат максимални 3 бода од дуелите со Џенова и Калјари, тогаш екипите од Бергамо и Милано обезбедуваат пласман во ЛШ.

Останува опцијата на Јувентус за четвртото место, но конкурент е Наполи, секако под претпоставка „старата дама“ да го победи Интер, тимот на Елиф Елмас да загуби од Фиорентина, тогаш клубот од Торино е сè уште во игра за Лигата на шампионите.

Најцрно сценарио за Јувентус е да не го победи Интер, или да загуби, а Милан, Аталанта и Наполи да победат, тогаш ситуацијата е „game over“ за „старата дама“, ќе останат без пласман во ЛШ.