Со доаѓањето на Маурисио Сари на клупата на Јувентус, хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ е во втор план и се очекува во јануари да го напушти тимот на „Старата Дама“.

Неговото име беше поврзувано со бројни клубови, а најсерозен кандидат за неговиот потпис беше Манчестер Јунајтед. Овој потенцијален трансфер е далеку од реализација поради парите кои ги бара тимот од Торино.

Иако Манџукиќ прифати да потпише договор за помала плата и недело да заработува 300.000 фунти, сепак Јувентус не сака да го пушти без 11,7 милиони евра.