Јувентус соопшти колку луѓе од клубот се задржани во карантин, по позитивниот тест на Даниеле Ругани.

По вчерашната вест за позитивниот резултат на тестот за Коронавирусот кај Даниеле Ругани, 121 човек се ставени во карантин. Во таа бројка се фудбалери, членови на тренерскиот штаб, менаџери на клубот, соработници на Јувентус и други вработени во техничките служби. Сите се во изолација, според барањата на здравствените служби“, се вели во соопштението на клубот.

Претходно и Кристијано Роналдо го информираше клубот дека не се враќа во Италија и дека изолацијата ќе ја спроведе во Португалија.

УЕФА во меѓувреме ја одложи реванш средбата од осминафиналето на Лигата на шампионите, меѓу Јувентус и Лион.