Јувентус нема намера да им врати пари на своите навивачи за купените влезници за дерби средбата од 26. коло на Серија „А“ со Интер, пишува La Gazzetta dello Sport.

Според овој извор, Јувентус инкасираше 3 милиони евра од продажбата на влезниците за овој натпревар и раководството на клубот нема намера да губи пари, поради одлука на Италијанската фудбалска федерација. Ова соответствува на клупските правила.

За разлика од Јувентус, Интер изјави дека на сите ќе им ги врати парите.

Да потсетиме, овој и уште пет други натпревари од Серија „А“ ќе се одиграат пред празни трибини, поради епидемијата на коронавирус.